Финални подготовки за финалистите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Финални подготовки за финалистите PDF Print E-mail
Monday, 23 August 2021 15:38

Вкупно 16 претставници на граѓанските организации кои обезбедија место во финалето на квизот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) имаа можност да ги обноват своите знаења за време на обуката што се одржа на 19 и 20 август оваа година во Охрид.

viber image 2021 08 23 11 32 53 167 840x630

Тие поминаа низ пет теми и тоа: Развивање на проектна идеа и подготвување на проектна апликација, Мобилизирање ресурси, Вмрежување, градење партнерства и коалиции, Добро управување, транспарентност и отчетност на ГО, Видливост и комуникации на ГО.

Беше вистински предизвик и за учесниците и за обучувачите да се поминат толку обемни теми во толку краток период. Затоа, обучувачите направија сосема поинаков приод, прилагоден на актуелната потреба, односно на претстојниот квиз. Секоја од сесиите започнуваше со квиз на една од темите. Учесниците индивидуално или во пар со колега од организацијата одговараа на 10 прашања, а потоа, резултатите беа разговарани во целата група. Така обучувачите имаа можност низ презентација да се навратат на областите каде е потребно разјаснување. Во зависност од должината на дискусиите, учесниците имаа можност да работат и во групи на зададени задачи.

Учесниците сметаа дека обуката им помогнала да расчистат некои од дилемите кои ги имале и веруваат дека сега се поподготвени за претстојниот квиз.

Квизот на ГРЦ е завршна активност на Програмата за градење капацитети преку која, од февруари 2018 година, беа обучени повеќе од 450 претставници на граѓанските организации. Финалистите ќе се натпреваруваат на 25 август 2021 година со почеток во 11 часот во хотелот Белви во Скопје, а пренос на настанот ќе биде овозможен на ФБ страната на ГРЦ. Трите најдобри организации во финалето ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 евра (за прва награда) и по 1.000 евра (за втора и трета награда) со кои ќе можат да ја спроведат својата проектна идеа со која се пријавија на квизот.

Граѓанскиот ресурсен Центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Финални подготовки за финалистите