СЕЛДИ билтен за антикорупција #57 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

СЕЛДИ билтен за антикорупција #57 PDF Print E-mail
Sunday, 04 July 2021 15:30

Во новиот број на билтенот можете да прочитате серија текстови кои се однесуваат на корупцијата во регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа.  

SELDI bilten

Погледнете ги резултатите објавени во Регионалниот извештај за антикорупција кои укажуваат на слабите резултати на Република Србија во нејзината борба против корупцијата. Во Албанија пак, објавен е извештајот посветен на деконструкцијата на заробената држава. Извештајот укажува дека реформите не се доволни што води кон ерозија на јавната доверба во владините институции бидејќи граѓаните сметаат дека тие им служат на приватните интереси. Во Македонија, членовите на Собранието биле обучувани  за борба против корупцијата. Очекувањата се дека информираните парламентарци ќе ја подобрат отчетноста на институцијата. 

Во делот за анализи, можете да го најдете извештајот „Западен Балкан 2020: Ризици на заробената држава и реформа на политиките“, на мрежата СЕЛДИ; студијата за јавна политика „Кој тоа таму управува“ на ИДСЦС; брифовите за јавни политики: „Огледалце, огледалце, како ни оди против корупцијата?“ и „Централни напори, фрагментирани надлежности: Владини антикорупциски планови и улогата на Собранието“, на ИДСЦС и „Правосудството во Западен Балкан: долгиот пат од политичката зависност кон стандардите на ЕУ“, на мрежата СЕЛДИ. 

Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. 

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News СЕЛДИ билтен за антикорупција #57