Статусот организации од јавен интерес е неатрактивен без погодности за организациите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Статусот организации од јавен интерес е неатрактивен без погодности за организациите PDF Print E-mail
Monday, 31 May 2021 12:37

„Како Влада имаме слух за препораките на Комисијата за потребите за подобрување на правната и финансиска рамка која ги засега граѓанските организации и подготвени сме за доследно спроведување на истите во пракса“ истакна министерот Бојан Маричиќ на дебатата „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“ организирана од Граѓанскиот ресурсен центар на 26 мај 2021 година.

befunky collage

Во воведното обраќање Маричиќ го истакна својот оптимизам за изнаоѓање модел кој ќе помогне да заживеат организациите од јавен интерес во РС Македонија. Според Министерот, време е преку законски измени да се изгради просперитетна околина која ќе даде подобри можности за развој на граѓанскиот сектор.

190263165 270373581497475 1532369916746745956 n 1 945x630

И Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија побара подобри услови за граѓанскиот сектор преку најавената ревизија на Законот за здруженија и фондации. Тој потенцираше дека не секоја организација треба да го добие статусот на организација од јавен интерес, но оние кои веќе го имаат треба да уживаат погодности, а државата да ги поддржи во делувањето, а не да им поставува пречки.

За регионалните искуства зборуваше Лубен Панов, правен експерт од Европскиот центар за непрофитно право. Тој претстави детален компаративен преглед за состојбата во регионот со акцент на поволностите за организациите со статус од јавен интерес. „Погодностите кои ги уживаат овие организации се однесуваат на даночните олеснувања за донаторите и организациите, а постојат и даночни исклучоци за примателите на донации. Останатите поволности се однесуваат на државното финансирање, употребата на државен имот и слично. Организациите кои го имаат овој статус на него гледаат како престиж и тоа го сметаат исто така за придобивка“, вели Панов.

Статусот организации од јавен интерес во дел од земјите во регионот не е регулиран со закон, односно со закон се регулираат активностите од јавен интерес. Таков е примерот во Црна Гора и Хрватска. Ана Новаковиќ Ѓуровиќ, извршна директорка на Центарот за развој на невладиниот сектор (ЦРНВО) од Црна Гора појасни дека кај нив постои 21 област која се третира како јавен интерес. Ова значи дека секоја организација, фондација или асоцијација има право да аплицира за државна помош се додека проектот или програмата е во рамки на овие области. Секоја организација може да биде или е организација од јавен интерес.

screenshot 2

Статусот на организациите од јавен интерес во РС Македонија го определува Владата по предлог на Комисијата за организации со статус од јавен интерес. Марија Митевска, претседателка на Комисијата рече дека од формирањето на Комисијата во 2012 година до мај 2021 година само 10 организации изразиле интерес да се стекнат со овој статус. Во моментот само три организации го имаат овој статус. Причината за малиот интерес Митевска ја гледа во недоволните поволности кои ги добиваат организациите од јавен интерес, што го прави овој статус апсолутно неатрактивен. Организациите со статус од јавен интерес имаат поголеми обврски кон Владата, Комисијата, Управата за јавни приходи, Централниот регистар, а добиваат ист третман како и останатите организации.

Околу 50 претставници на граѓанските организации дискутираа за ефектите од статусот на организации од јавен интерес и можните подобрувања во најавените измени на Законот за здруженија и фондации. За нив, приоритет е законската реформа со акцент на поволностите кои треба да  следуваат со овој статус. Според учесниците во дебатата, треба да се направат измени во Законот за здруженија и фондации и да се  усогласи овој закон со другите релевантни закони така што ќе ги стимулираат организациите да се пријават за овој статус. Учесниците сметаа дека без погодности овој статус е безначаен.

screenshot 1 1120x630

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Статусот организации од јавен интерес е неатрактивен без погодности за организациите