СЕЛДИ билтен за анти-корупција #51 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

СЕЛДИ билтен за анти-корупција #51 PDF Print E-mail
Wednesday, 29 April 2020 16:09

Проверете го новото издание на билтенот на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ и информирајте се за случувањата од областа на добро владеење и корупција во регионот.

seldi 51

Во фокусот на  вестите од регионот, во периодот март-април, е ново настанатата ситуација со вирусот COVID-19 и влијанието кое го има. Па така може да прочитате повеќе за тоа што што значеше прогласување на вонредна состојба во државите од Западен Балкан, одложување на избори во неколку држави од регионот, ризици од корупција при јавни набавки, донесување на  превентивни економски мерки, заканата по човековите права и владеењето на правото итн. 

Освен тоа, може да погледнете и извадоци од последните анализи од  оваа областа во регионот. 

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News СЕЛДИ билтен за анти-корупција #51