Избрани се грантистите кои ќе помагаат во заедниците за време на кризната состојна |
Monday, 27 April 2020 11:32 | |||
Во следните три месеци, седум граѓански организации- грантисти на Граѓанскиот ресурсен центар ќе дадат солидарен одговор на кризната состојба предизвикана од КОВИД-19. Тие ќе им помогнат на над 1000 социјално загрозени семејства, припадници на маргинализираните групи, земјоделци и жртви на семејно насилство. Најголем дел од грантистите ќе обезбедат хуманитарна помош за ранливите категории граѓани со цел полесно да го надминат кризниот период, а останатите активности се однесуваат на пружање психосоцијална поддршка на жртвите на семејно насилство и споделување корисни информации во заедниците. Итните активности во главно ќе се спроведуваат локално, и тоа во Куманово, Прилеп, Гостивар, Берово, Пехчево, Делчево, Тетово и Скопје, додека дел од нив ќе обезбедат поддршка на национално ниво. Листа на грантисти:
Вкупниот фонд за оваа намена е 715.631 денари. На повикот за грантови за итни интервенции за справување со кризната состојба предизвикана од КОВИД-19, аплицираа 107 граѓански организации од сите плански региони.
|