Привремени мерки за работа на МЦМС |
Tuesday, 17 March 2020 15:27 | |||
Почитувани соработници, Со оглед на новиот развој на ситуацијата со вирусот Корона, а следејќи ги препораките на Министерството за здравство, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), одлучи да ги продолжи мерките на претпазливост до крајот на март 2020 година. Соработниците ќе продолжат да ги обавуваат работните обврски од дома, а канцеларијата ќе биде затворена. Можете да не контактирате на редовната е-маил адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или директно некој од соработниците преку е-маил. МЦМС ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе одлучи за прекин или продолжување на оваа мерка и навремено, преку објава на веб страната и профилот на ФБ ќе ве извести за тоа. Што се однесува до повикот за грантови за транспарентот кој е во тек, веќе беше објавена информација за измените во начинот на доставување на пријавите. Ви благодариме на разбирањето.
|