Привремени мерки за работа на МЦМС |
E martë, 17 mars 2020 15:27 | |||
Почитувани соработници, Со оглед на новиот развој на ситуацијата со вирусот Корона, а следејќи ги препораките на Министерството за здравство, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), одлучи да ги продолжи мерките на претпазливост до крајот на март 2020 година. Соработниците ќе продолжат да ги обавуваат работните обврски од дома, а канцеларијата ќе биде затворена. Можете да не контактирате на редовната е-маил адреса: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë или директно некој од соработниците преку е-маил. МЦМС ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе одлучи за прекин или продолжување на оваа мерка и навремено, преку објава на веб страната и профилот на ФБ ќе ве извести за тоа. Што се однесува до повикот за грантови за транспарентот кој е во тек, веќе беше објавена информација за измените во начинот на доставување на пријавите. Ви благодариме на разбирањето.
|