Здруженијата опремени со нови алатки за мониторинг и евалуација - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Здруженијата опремени со нови алатки за мониторинг и евалуација PDF Print E-mail
Monday, 24 February 2020 15:09

Претставниците на 17 граѓански организации ги надградија своите знаења за техники и методи на мониторинг и евалуација во организацијата на обуката организирана од Граѓанскиот ресурсен центар на 23 и 24 јануари 2020 година.

20200221 Obuka MiE

За време на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со различните видови мониторинг и самите преку практична вежба да работат на подготвување на план за мониторинг.

Во останатиот  дел од обуката се разработуваше процесот на евалуација, каде учесниците стекнаа нови знаења поврзани со различните типови евалуација, чекорите во нејзиното спроведување, видовите известувања, типовите на извештаи кои се подготвуваат и за која намена. Тие имаа можност практично да употребат алатка за самооценка преку пополнување на образец за оценка на организацијата, за којшто истакнаа дека е корисна алатка со која некои учесници првпат се сретнуваат.

Обуката е дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во склоп на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Здруженијата опремени со нови алатки за мониторинг и евалуација