Здруженијата опремени со нови алатки за мониторинг и евалуација |
E hënë, 24 shkurt 2020 15:09 | |||
Претставниците на 17 граѓански организации ги надградија своите знаења за техники и методи на мониторинг и евалуација во организацијата на обуката организирана од Граѓанскиот ресурсен центар на 23 и 24 јануари 2020 година. За време на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со различните видови мониторинг и самите преку практична вежба да работат на подготвување на план за мониторинг. Во останатиот дел од обуката се разработуваше процесот на евалуација, каде учесниците стекнаа нови знаења поврзани со различните типови евалуација, чекорите во нејзиното спроведување, видовите известувања, типовите на извештаи кои се подготвуваат и за која намена. Тие имаа можност практично да употребат алатка за самооценка преку пополнување на образец за оценка на организацијата, за којшто истакнаа дека е корисна алатка со која некои учесници првпат се сретнуваат. Обуката е дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во склоп на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.
|