Стекнати применливи знаења за проектни апликации и генерирање фондови - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стекнати применливи знаења за проектни апликации и генерирање фондови PDF Print E-mail
Friday, 22 November 2019 10:06

Пишување на проектни апликации, подготовка на стратегија за генерирање на фондови, како и запознавање со расположливите фондови за граѓанските организации се темите на двете последни обуки организирани од Граѓанскиот ресурсен центар.

20191129 GRC obuka stip

Седумнаесет претставници на граѓански организации активно учествуваа на дводневната обука „Пишување на проектни апликации – од проектна идеја до успешна проектна апликација“ одржана на 12 и 13 ноември 2019 година во просториите на Ресурсниот центар во Штип. Учесниците ја оценија обуката како многу корисна и квалитетно спроведена и побараа вакви практични обуки почесто да се организираа и да бидат подолги. Како најкорисни теми од обуката тие ги издвоија подготвувањето на логичка рамка; дефинирањето проблеми, цели, индикатори; како и подготвувањето на буџет.

Обучувачката Сунчица Саздовска стави фокус на анализирањето на повици за грант, користејќи конкретен повик за граѓанските организации и ги поттикна организациите да размислуваат како аналитички да пристапуваат на повиците. Учесниците направија проценка дали и во колкава мера повикот е релевантен за нивната организација, ги разбраа критериумите за оценка, утврдија на што треба да посветат особено внимание при пишувањето на апликацијата, а исто така технички ја уредија и подготвија истата. Најголем дел од учесниците изјавија дека стекнатото знаење од обуката ќе го применат веднаш за подготвување на проектна апликација на првиот следен отворен повик.

20191129 GRC obuka 2

Обуката за генерирање фондови се одржа во периодот од 20 до 21 ноември 2019 година во Скопје и послужи 17 претставници на граѓански организации да се запознаат со концептот на одржливост, со низа форми на финансирање на граѓанските организации  и неколку методи за мобилизација на фондови.

„Одржливоста на граѓанските организации директно зависи од политиките и програмите на меѓународните развојни агенции и донаторите”, рече обучувачката Лилјана Алчева. Таа истакна дека кај нас граѓанските организации имаат ограничени можности за обезбедување фондови и поради тоа се соочуваат со слаба одржливост. Тие се фокусираат на фондовите на меѓународните развојни агенции и делумно на домашните фондови за грантови, занемарувајќи ги другите форми на обезбедување ресурси. Таа им препорача на организациите да се стремат кон различни извори на ресурси, иако тоа бара дополнителни напори за персоналот заради нерамномерно распоредување на работата, со „пикови“ на зголемен обем работа во одредени периоди.

Учесниците имаа можност да направат практично мапирање на потенцијалните донатори во областите на делување на нивните организации како и да ги утврдат стратешките цели и индикатори за успех поврзани со генерирањето фондови.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Стекнати применливи знаења за проектни апликации и генерирање фондови