Доделени 8 партнерски грантови за организациски развој |
Thursday, 13 June 2019 00:00 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На состанок кој се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар на 12.06.2019 година, 8 граѓански организации потпишаа Договор за грант како дел од грантовата шема „Партнерски грантови за организациски развој“. На состанокот присуствуваа и претставници од партнерските организации кои ќе обезбедат менторска поддршка за добитниците на грант:
Со помош на овие грантови малите организации кои делуваат на локално ниво со поддршка од своите партнерски организации, преку соработка и заедничко учење ќе ги зајакнат своите капацитети во период од 6 до 9 месеци. Тие ќе подготват стратешки планови, планови за прибирање на финансиски средства, планови за односи со јавност и други организациски документи, чија подготовка ќе биде проследена со зајакнување на своите капацитети преку работилници и обуки и нивна целосна вклученост во развојот на организациската структура на своите организации. На повикот пристигна вкупно 31 апликација, од кои 19 ја поминаа административната проверка и проверка на подобност и беа бодувани од комисијата за квалитет.
|