Поддршката на МЦМС за Ромите |
Wednesday, 11 April 2018 15:41 | |||
Меѓународниот ден на Ромите (8 април), е уште една можност да потсетиме за активностите и резултатите на МЦМС во оваа област. Во фокусот на активностите беше зајакнувањето на ромската заедница преку образованието, вработувањето, справување со дискриминацијата и општествена исклученост итн. Преку петгодишната програма „Применето образование за млади Роми“ (2001-2005), МЦМС успеа да го зголеми бројот на ученици Роми од 18% во учебната 2000/01 на 23% во учебната 2004/05. Во исто време, бројот на оние кои повторувале од 84% се намалил на 34%. МЦМС заедно со 13 организации партнери во програмата, опфати околу 20.000 деца, родители и наставници од 11 општини во Македонија. Преку петгодишната програма „Пристап на Ромите до фондови“ (2011-2015), МЦМС им помогна на граѓанските организации чиј фокус е подобрувањето на положбата на Ромите да зајакнат и да мобилизираат фондови со кои ќе ги спроведуваат нивните активности.
|