Граѓанското општество и реализација на Целите за одржлив развој на ООН [Инфографик] - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанското општество и реализација на Целите за одржлив развој на ООН [Инфографик] PDF Print E-mail
Friday, 30 March 2018 13:30

Мнозинство од граѓанските организации од Македонија (63%) се запознаени со процесот на спроведување на Целите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации, покажа истражувањето што го направи Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Информациите за ЦОР, најголем дел од организациите (65%) ги добиле благодарение на кампањите од меѓународните организации како УНДП, УНИЦЕФ, УНЕСКО и сл. Сепак, тие посочуваат дека во Македонија недостасуваат активности за нивна промоција и и приближување до граѓаните. Организациите придонесуваат кон процесот на реализација на Целите преку едукација и информирање (28%), подигање на свеста (22%), а само 13% од нив реализираат активности за јакнење на капацитетите на ГО. Предизвик е и ниската информираност на ГО (37%) за процесите на спроведување на ЦОР, како и тоа дека 60% од ГО изјавиле дека немале можност за интеракција.

Gragjanskoto opshtestvo i realizacija na Celite za odrzhliv razvoj na OON

Целите за одржлив развој како дел од агендата за одржлив развој 2030 беа усвоени на 70-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) од страна на сите земји членки. Агендата нуди универзална рамка од 17 цели и конкретни мерки за борба против сиромаштијата, нееднаквоста и климатските промени на светско ниво. Македонија првичните чекори за интеграција на Целите ги презема во 2016 г. потпишувајќи го Партнерството за одржлив развој за 2016-2020 со Постојаниот координатор на ОН во земјата. Документот предвидува соработка со агенциите на ОН и во земјата во пет приоритетни области за соработка: вработување, добро владеење, социјална инклузија, еколошка оддржливост и родова еднаквост.

Цeлите се инклузивни и засновани на стандардите за човекови права. Токму затоа, нагласена е потребата од вклученост на граѓанските организации во артикулирањето на потребите на граѓаните, особено најранливите, преку застапување и обезбедување на услуги, и промоција на практиките за добро владеење. За ефективно преземање на оваа улога неопходно е граѓанските организации да работат на подобрување на околината во која делуваат, во која нивните слободи се почитувани и обезбедени, имаат финансиска стабилност и одржливост, дијалог и партнерски однос со државата.

Во Македонија, периодот на локализација на овие цели беше придружен со длабока политичка криза, отсуство на дијалог и недоверба меѓу институциите и граѓанскиот сектор, па така и информирањето и вклученоста беа на ниско ниво. Иако клучните институции во Македонија се во тек со Агендата за глобален развој 2030, сепак тоа што е забележително е дека нема координација и усогласеност меѓу нив, а недостасуваат и широки консултации и соработка со граѓанските организации за идентификување на предизвиците, прибирање податоци за состојбите на терен и следење на постигнувањата.

Резултатите од истражувањето се дел од Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Македонија за 2017 г., која МЦМС го подготвува веќе петта година по ред.  Проектот е финансиран од ЦПДЕ (CSO Partnership for Development Effectiveness).

infografik vklucenost na graganski organizacii vo realizacija na celite za odrzliv razvoj

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓанското општество и реализација на Целите за одржлив развој на ООН [Инфографик]