Во каква околина функционираа граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во каква околина функционираа граѓанските организации PDF Print E-mail
Wednesday, 08 March 2017 07:43

izveshtaj za ovozmozhuvachkata okolina za razvoj na gragjanskoto opshtestvo vo makedonija 2016МЦМС го подготви издаде четвртиот извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Фокусот беше ставен на 13 клучни стандарди со најголеми предизвици. Извештајот ги следи состојбите во трите клучни области:

  1. Основни загарантирани законски слободи;
  2. Рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации;
  3. Односот меѓу Владата и граѓанските организации.

Наодите покажуваат значителен пораст на граѓанското учество на собири. Граѓанските организации ја понудија нивната експертиза за поддршка на процесите на демократизација. Законската рамка иако солидна, има недоследности кои резултираа со назадување на потенцијалот за развој и одржливост. 

Трендот на продлабочување на јазот меѓу законодавството и практиката продолжи.  Извештајот регистрира зголемен број случаи на индиректни притисоци врз граѓанските организации, преку инспекции и медиумска пропаганда. Слободата на собирање значително се практикуваше, преку различни активности и иницијативи. Во практика, забележани се и нарушување на слободата на изразување и медиумите, главно за новинари, додека ГО се соочуваат со чести примери на говор на омраза. 

И покрај отсуството на реформи во државното финансирање за ГО, особено на транспарентноста на процедурата, во буџетот на РМ за 2017 г. планирано е значително зголемување на средствата кои треба да се распределат. Сепак, висината на износот на средствата не е доволен за покривање на потребите, како и на периодот (годишно) и видот (главно проектна поддршка, додека институционална поддршка е достапна само за неколку ГО). Се уште не е донесена законски обврзувачка одлука за уредување на постапката на доделување државни средства за ГО. Одредбите во даночните закони и понатаму се неповолни за организациите. 

Односот меѓу владата и граѓанското општество се влоши. Процесот на основањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество забележа напредок, но беше проследен со несогласување и бојкот на 93 ГО, кои беа поборници за неговото воспоставување. Продолжи отсуството на политичка волја за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017. Зголеменото усвојување на нацрт-законите по скратена постапка, ја намали вклученост на ГО и можноста за придонес. 

Извештајот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аквис (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Во каква околина функционираа граѓанските организации