Јавното мислење за изборниот процес - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавното мислење за изборниот процес PDF Print E-mail
Tuesday, 06 December 2016 15:16

Автори: Александар Кржаловски и Гонце Јаковлеска
Дата: декември 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-79-3
PDF: javnoto-mislenje-za-izborniot-proces.pdf

javnoto-mislenje-za-izborniot-procesТелевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведоа истражувања на јавното мислење за актуелни политички теми. Темата на ова телефонско истражување беше јавното мислење за изборниот процес во пресрет на 11 декемвриските предвремени парламентарни избори. Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ подржана од УСАИД. 

Истражувањето показа дека најбитно за мнозинството граѓани е работата, односно личниот животен стандард за што се изјасниле вкупно 53,8%  од испитаниците (отворањето работни места, 28,3% и пораст на животниот стандард, 25,5%. На трето место е борбата против корупцијата и организираниот криминал (12,1%), односно, вкупно 14,9% заедно со кривичното гонење од СЈО. 

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ (23,3%) има предност над опозициската коалиција предводена од СДСМ (19,4%) од 3,9 процентни поени. Во т.н. албански блок, предноста на ДУИ (6,6%) е речиси двојна, а ДПА (3,3%) и БЕСА (2,7%) се практично изедначени особено при споредбата по изборни единици. 

Изедначен е процентот на оние што сметаат дека изборите ќе донесат крај на политичката криза (42,7%) и оние кои не се согласуваат со тој став (42,9%). Оптимизмот е поголем кај гласачите на коалициите од „македонскиот блок“ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 57,6%, Коалиција СДСМ – 51,3%) наспроти кај гласачите на партиите од „албанскиот блок“ (ДУИ - 49,1% , ДПА – 34,8%). Иако големо мнозинство од 96,7% изјавиле дека не се жртви на притисок за гласање, сепак 17,3% познаваат некој врз кој е вршен притисок пред претстојните избори. Една четвртина од испитаниците имаат сомнежи во тајноста на гласањето, 24,8% сметат дека тајноста на гласањето и на гласачкото мести не е загарантирана, а 26,6 дека може да се дознае кој го заокружил гласачкото ливче. 

Мнозинство од испитаниците (68,5%) нема да гласаат за кандидати од друга етничка заедница, додека 20,7% се изјасниле позитивно. Телевизиите се медиумот преку кој граѓаните се информираат за изборната кампања. Така одговориле 71,1% од испитаниците. Телевизиските дуели меѓу лидерите и предводниците на кандидатските листи се многу значајни за половина од испитаниците (50%). 

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 20 до 30 ноември 2016 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1800 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Јавното мислење за изборниот процес