Втора средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Втора средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас PDF Print E-mail
Thursday, 01 December 2016 13:42

Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.

vtora-sredba-za-vmrezuvanje-civica-mobilitas.jpg

„Богатство кое сите го носите со различните визии и идеи ми создава чувство на оптимизам за иднината на Македонија“. Таа изрази задоволство од насоката и развојот на програмата и очекување дека спроведувањето ќе продолжи со ова темпо. „Граѓанските организации во Македонија имаат добри организациски капацитети, но недостасува подобра комуникација со граѓаните. Затоа ние ќе продолжиме да даваме поддршка во процесот на зајакнување на таа врска со конституентите“, додаде амбасадорката Тејада.

Запрашајте се себеси, која е промената што настанала како резултат на вашата работа“, им рече на присутните Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас на сесијата посветена на „известувањето за постигнувањата“ и „градењето врски со конституентите“. Тој истакна дека организациите го трошат времето за тоа што се случува внатре во системот, а помалку за она што излегува од системот - односно промената во општеството. „Често овие промени не се многу големи, но промените во општеството се составени од мали чекори кои се дел од нешто големо. Вашите мали приказни придонесуваат кон нешто многу големо“, рече Форестер.

Претставници на организациите корисници на специфични грантови ги презентираа нивните активности.  Дел од грантистите ги споделија своите искуства за тоа како ги вклучуваат конституентите во нивните активности. Од Црвен крст на град Скопје зборуваа за Програмата за хумани вредности која функционира 15 години и која која мобилизира над 1200 младинци на цела територија на Македонија. Од Еко герила истакнаа дека кога се вклучуваат граѓаните во процесот на одлучување тие чувствуваат дека се застапувани нивните интереси.

На почетокот луѓето не веруваа дека има загадување во Тетово, но сега тоа е една од најприоритетните прашања во градот“, истакна Аријанит Џафери. Во организираното традиционално чистење на диви депонии, Ајде Македонија оваа година мобилизираа над 16000 граѓани и 70 ГО низ Македонија. „За 7-8 години колку што постоиме, успеавме да со нашиот труд да ја наметнеме идејата  на граѓаните во Македонија да почнат да размислуваат за правата на животните и третманот спрема нив“, рече Столе Поповски од Анима мунди.

На работилницата учествуваат околу 115 претставници на граѓански организации, а покрај амбасадорката на Швајцарија во Македонија, присутен беше и амбасадорот на Холандија во Македонија Вутер Пломп.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Втора средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас