Споредбена анализа на системите за државно финансирање на граѓанските организации |
Monday, 07 November 2016 14:00 | |||
Автори: Горан Форбици и Моника Костањевец Оваа публикација има за цел да ги претстави најдобрите практики на државно финансирање на граѓанските организации од Словенија, Унгарија, Србија, Хрватска, Естонија и Шкотска преку презентација на правната рамка за процедурите, примената на постојните правила и стандарди. Анализата нуди основа за конкретни препораки за системот на државно финансирање во Македонија, т.е. предлага еден или повеќе модели за финансирање, кои ги земаат предвид специфичните одлики на македонското општество и неговиот политички и правен систем. Истражувањето на практиките на државното финансирање на ГО е направено со помош на претставници на ГО и на владините служби за соработка со НВО од анализираните земји. Публикацијата е наменета за сите чинители вклучени во процесот на доделување средства на граѓанските организации во Република Македонија, а ќе им послужи и на други заинтересирани од земјите од Западен Балкан и од Турција. МЦМС од 2007 година темелно се залага за подобрување на директното буџетско финансирање на граѓанските организации од страна на државата. Активностите се спроведуваат преку истражување и информирање за можностите за подобрување на целокупниот систем за финансиската поддршка за граѓанското општество. Оваа анализа е подготвена од страна на Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, кои заедно со МЦМС го спроведуваат проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“, финансиски поддржан од Европската Унија.
|