АЕК (не)звисното владино тело?! - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

АЕК (не)звисното владино тело?! PDF Print E-mail
Monday, 14 March 2016 10:40

Автори: д-р Александар Колекевски и д-р Ана Чупеска
Дата: февруари 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-47-2
PDF: aek-ne-zavisnoto-vladino-telo.pdf

aek-ne-zavisnoto-vladino-teloАгенција за електронски комуникации (АЕК) предвидено е да биде независен регулатор на пазарите за електронски комуникации во Република Македонија. Нејзиното основање произлегува од евроинтегративните процеси на Република Македонија, односно од членот 95 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. АЕК почна да работи во јуни 2005 година, а од неа се очекуваше да го либерализира пазарот на електронски комуникации, притоа да не потпаѓа под никакво политичко влијание, ниту пак под влијание на македонскиот телекомуникациски монопол.

Во оваа публикација, авторите го истражуваат работењето на АЕК и правната регулатива поврзана со нејзиното работење. Тие укажуваат на критиките упатени од Европската комисија за трошење на средствата на АЕК за намени кои не се поврзани со развојот на електронските комуникации. Во тој поглед, авторите даваат и примери за тоа како се трошеле средствата на Агенцијата. Тука е интересен примерот за трошењето на милионски суми за реклами, што најверојатно е единствен пример во Европа вакво тело да се рекламира.

Во поглед на правната регулатива, авторите сметаат дека Законот за електронски комуникации е хиперрегулирачки и има тенденција е да воведе авторитарна процедуралност, која е алатка за за легализирање нелегитимни, па дури и илегални активности. Дополнително, а во прилог на ова, велат авторите, законот е полн со т.н. правна магла (legalfog), т.е. создава нејаснотии и контрадикторности.

На крајот на публикацијата, авторите препорачуваат неколку работи: Редуцирање на Законот, отстранување на нормите што овозможуваат корупција, поткуп или перење пари; објавување на сите постојни договори за донации, спонзорства и рекламирање на АЕК, како и договорите за закуп на простор; намалување од 33 до 50% на надоместоците наметнати врз економските оператори од секторот за електронски комуникации; наметнување обврска поднесување имотна состојба за сите лица во АЕК и/ или други регулатори кои имаат месечни примања над 2,5 просечни плати или повеќе во нето-износ.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News АЕК (не)звисното владино тело?!