Подготовка на граѓанските организации од Западен Балкан за развојна помош - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подготовка на граѓанските организации од Западен Балкан за развојна помош PDF Print E-mail
Friday, 19 February 2016 13:06

На 4 и 5 февруари 2016 година во Белград се одржа првата средба на партнерите вклучени во регионалниот проект „Подготовка за развојна помош“. Главна тема беше утврдувањето на регионалниот настап за спроведување на проектот и размена на знаења за поттикнување на соработката и вмрежувањето за развојна помош меѓу партнерите во проектот, особено од примерите на партнерите од Хрватска и Словенија. Учесниците разговараа и за случувањата во регионот поврзани со развојната помош, за можностите организациите да придонесат кон новите 17 одржливи развојни цели на ОН и активностите за бегалската криза.

Belgrade 4

На средбата беше презентирано значењето на развојна помош во процесот на преговори со ЕУ како и потребата од вклучување на граѓанското општество во поглавјето 30 - Надворешни односи во преговорите на земјите за членство во ЕУ. Кога станува збор за областа на хуманитарна помош и развојна политика, земјите членки и оние кои пристапуваат кон ЕУ треба постепено да го усогласат националното законодавство со ЕУ, како и со меѓународните обврски. Дополнително потребно е постепено усогласување на политиките и позициите на земјите кандидати кон трети земји и кон меѓународните организации, со политиките и ставовите усвоени од страна на ЕУ.

МЦМС е активен во подготовките за вклучност во политиките за развојна помош речиси една декада. Во проектот „Подготовка за развојна помош“ е одговорен за спроведување на активностите на национално ниво. Проектот е финансиран од Австриската агенција за развојна помош (АДА) и членките на Хоризонт3000: Каритас од Австрија, ДКА Австрија, КФБ, КМБО и Велтхаус Грац.   

Belgrade 2

Целта на проектот е зајакнување на вклученоста на граѓанското општество во Западен Балкан во напорите за глобално искоренување на сиромаштијата и за глобална правда, како и мобилизирање и поддршка на граѓанските организации да работат заедно при јакнење на јавната свест во земјите кандидати на ЕУ за потребата за образование и ангажираност во меѓународната развојна агенда.

Регионален координатор на проектот е БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ и Конкорд од Албанија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Подготовка на граѓанските организации од Западен Балкан за развојна помош