Се одржа петтиот регионален форум на Цивика мобилитас - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Се одржа петтиот регионален форум на Цивика мобилитас PDF Print E-mail
Thursday, 24 September 2015 12:50

На 22 септември 2015 година, во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, се одржа петтиот регионален форум на Цивика мобилитас. Под мотото „Твој простор, твој глас“ десетина претставници на граѓански организации разговараа за потребните промени во Југоисточниот регион.

Se odrzha pettiot regionalen forum na Civika mobilitas

Тимот на Цивика мобилитас и присутните разговараа за тоа кои се промените што сакаат да ги направат во општеството, како тие да бидат одржливи, како да се влијае на однесувањето на луѓето во локалните заедници и како да се подобри соработката меѓу граѓанските организации.

За Митко Шоров од Еколошкото друштво „Планетум“ проблем е големата зависност од странските донатори. Според него, тоа е промената што треба да се направи, да се  мотивираат домашните организации да им помагаат, односно да донираат за граѓанските организации. Според него треба да се испитаат можностите на давање олеснителни околности за домашните донатори.

Организацијата „Избор“ е на добар пат да стане одржлива, според Сократ Манчев нивната цел е да постигнат самоодржливост до 2020 година. „Во секторот сме 19 години и сѐ уште се финансираме од странски донации“, рече Манчев и додаде дека за нив е од голема помош  институционалниот грант на Цивика мобилитас кој им овозможува флексибилност во користењето на средствата и заради тоа е еден вид столб на сигурност.

„Граѓаните не се запознаени со правата и обврските што ги имаат“, смета Илија Бејков од Полимат 13, од Богданци. „Ние треба да го поттикнеме граѓанскиот активизам, ние да ги најдеме заедничките каузи“. Иванка Соколова од Женска акција од Радовиш го покрена прашањето на развојот на претприемачкиот дух кај жените, родовите и семејните прашања. Таа истакна дека е потребна поголема соработка со институциите на локално ниво.

Никола Пијанманов од Култ-транзен од Струмица зборуваше за потребата од децентрализација на културата на рурално ниво, особено за децентрализацијата на театарот, во трите рурални општини околу Струмица. „Наидовме на објекти од културата во околината чиишто капацитети  воопшто не се искористени. Наидовме на локални уметници кои се таму“, рече тој. Според Пијанманов не е во ред 90 % од културните настани да се одвиваат во Скопје. „Уметниците се во зимски сон“, рече тој и додаде дека е потребно некој да ги поврзе уметниците со објектите на култура. „Поради исполитизираноста и поради централизираното размислување потребно е да ги охрабриме, да им кажеме дека има кој да биде со нив.“

Беше разговарана и стигматизацијата, односно препознавањето делови од секторот како припадници на една или друга страна (најчесто партиска) без да се разбере за што всушност станува збор и што нудат граѓанските организации.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Се одржа петтиот регионален форум на Цивика мобилитас