Цивика мобилитас го објави повикот за Специфични акциски грантови |
Friday, 18 September 2015 12:34 | |||
Грантовите им се наменети на граѓанските организации регистрирани според Законот за здруженија и фондации (2010) за воспоставување и работа со таканаречени „платформи за соработка“ меѓу апликантот, грантистите и тимот на Цивика мобилитас, на темите: истражување и развој (ИР), информации и комуникации (ИК) и набљудување, оценка и известување (НОИ). Во пријавите можат да се вклучат и партнери и соработници, но тоа не е задолжително. Партнери можат да бидат и научно-истражувачки установи; високообразовни установи; медиуми и синдикати или организации на работодавачи. Aктивностите од овој повик треба да се одвиваат не пократко до 24 и не подолго од 30 месеци. Големината на грант треба да биде од 2.500.000 до 3.500.000, а Цивика мобилитас има на располагање 21.000.000 денари за оваа намена. Повикот е отворен до 19 октомври 2015 г. до 16 часот. Пријавата мора да е поднесена во печатена (на хартија) и во електронска форма (на ЦД или УСБ). Пријавата се поднесува на адреса на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со назнака „за Цивика мобилитас“, на ул. Никола Парапунов, бр. 41а, Пошт. фах 55, 1060 Скопје. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it не подоцна од 10 календарски денови од крајниот рок за поднесување на пријавата. Цивика мобилитас ќе одржи две информативни сесии за овој повик за предлози. Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори. За повеќе детали погледнете го Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози. Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
|