Ќе се утврдува економскиот придонес на граѓанскиот сектор - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ќе се утврдува економскиот придонес на граѓанскиот сектор PDF Print E-mail
Friday, 28 November 2014 13:01

На 3 и 4 Ноември 2014 г. во Белград, Србија се одржа работилница со наслов „Студија за економска вредност на граѓанското општество“. Организатори на работилницата беа Граѓански иницијативи од Србија и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество. Претставник на МЦМС беше Симона Огненовска.

kje se utvrduva ekonomskiot pridones na gragjanskiot sektor 1

Работилницата беше вовед во длабинско истражување на економскиот придонес на граѓанскиот сектор во Западен Балкан и Турција. Клучна цел е да се мапираат и прикажат финансиските капацитети, големината, резултатите и вредноста на секторот во однос на целокупната економија. Истражувањето треба да придонесе кон процесот на легитимизирање на граѓанскиот сектор и неговите активности низ регионот преку анализирање на опфатот на ГО и мрежите во обезбедување клучни услуги, вработување и помош за стимулирање на економски развој.

Директорот на Агенцијата за деловни регистри на Србија го претстави системот, видот и пристапот до податоци за економската вредност на граѓанскиот сектор во Србија (интерактивната мапа развиена со статистички и финансиски податоци). Искуството на Словенија го презентира претставник на ЦНВОС.

kje se utvrduva ekonomskiot pridones na gragjanskiot sektor 2

Учесниците работеа во групи и ги идентификуваа заедничките и поединечните за секоја земја прашања. Се дискутираше за поставување основа за истражување/следење и застапување за подобрување на формите на прибирање, пристап и стандардизирање на податоците. Земјите се соочуваат со различни предизвици во поглед на обезбедувањето на податоците. Во Македонија сите податоци може се достапни, меѓутоа тие не се бесплатни.

Работилницата се спроведе во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Ќе се утврдува економскиот придонес на граѓанскиот сектор