Подобрување на матрицата за набљудување на овозможувачка околина за граѓанското општество |
Saturday, 21 June 2014 00:00 | |||
По првото спроведување на матрицата за набљудување на овозможувачка околина за граѓанското општество на 18 и 19 јуни 2014 г. во Скопје се одржа работилница за размена на искуствата, можностите за нејзино подобрување и планирање на пристапот за мерење на напредокот во тековната и идните години. На работилницата учествуваа 13 претставници на работната група за матрицата, меѓу кои и Емина Нурединоска и Даниела Стојанова од МЦМС. Учесниците ја прегледаа матрицата и предложија обновување и спојување на неколку показатели, ја усогласија методологијата и се договорија на заеднички прашалник за анкетите и интервјуата во сите земји. Исто така, беа одбрани 12 основни стандарди кои редовно и задолжително ќе се набљудуваат во сите земји, додека останатите 12 ќе бидат набљудувани на секои две години или по потреба во секоја од земјите. Во однос на мерењето на напредокот беа предложени и дискутирани повеќе методологии, по што се формираше работна група која заедно со експерт ќе работи на дефинирање на показателите и оценките. Изминатиот период беа подготвени седум национални и еден регионален извештај засновани на матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество и беа спроведени повеќе активности за застапување за надминување на идентификуваните пречки и проблеми. Работилницата ја организираше Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во рамките на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“, финансиран од Европската Унија.
|