Tuesday, 29 October 2013 00:00 |
Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) ги ангажираше данската компанија НИРАС и МЦМС да ја подготват новата програма за развој на граѓанското општество. Подготовката ќе трае од октомври 2013 година до март 2014 година. Во текот на октомври беа одржани две работилници на кои учествуваа партнерските организации, а на дел од сесиите и претставници на СДЦ. Во ноември ќе бидат организирани осум тркалезни маси со граѓански организации низ Македонија и неколку состаноци со други засегнати страни.
|