Граѓаните се повеќе им веруваат на граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните се повеќе им веруваат на граѓанските организации PDF Print E-mail
Friday, 12 July 2013 10:16

doverbata-vo-graganskoto-opstestvo-2013[Прес соопштение] Чинителите на граѓанското општество и граѓанските организации (здруженија и фондации) бележат зголемување на довербата од јавноста во споредба со претходни години и по прв прв имаат доверба од мнозинството граѓани (54,2%), при што најмногу доверба имаат студентите и младите луѓе до 29 години. Ова се наоди од истражувањето на тема Довербата во граѓанското општество спроведена од страна на Проектот Техничка поддршка на граѓанските организации во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Истражувањето исто така утврдува дека наспроти трендовите во претходните години сега доминира позитивен став во однос на перцепцијата за мотивите за работата на граѓанските организации при што мнозинство граѓани (50,5%) веруваат дека организациите се изворни иницијативи на граѓаните со цел да се остварат нивните интереси.  И ставовите за злоупотреба на граѓанските организации од страна на политичките партии се во опаѓање. Но, сè уште има граѓани кои веруваат дека постои злупотреба пред сè во форма на присвојување на ставови на граѓанските организации или затскривање зад нив (43,5%) и користење на истите како гласноговорници (20,6%).

За прв пат е истражена и перцепцијата на јавноста за транспарентноста на граѓанските организации, а резлутатите, наспроти општо позитивните трендови во довербата, покажуваат доминантност на определбата дека граѓанските организации не делуваат транспарентно и не се отчетни за својата работа и финансиите (44,2%). Една третина од испитаниците (33,3%) имаат позитивен став кон ова прашање.

Како и во претходните и во ова истражување довербата во одделни потсектори е повисока од просечната (општа) доверба во граѓанските организации. Доминира довербата во организациите за деца, млади и студенти, за лицата со посебни потреби, за жени и родови прашања, за животна средина и за спорт, хоби и рекреација.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета - интервјуа „лице в лице“ од 31 мај до 21 јуни 2013 година, на репрезентативен примерок од 810 испитаници. Популациската рамка беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Анкетата ја спроведе агенцијата за истражувања М – Проспект.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓаните се повеќе им веруваат на граѓанските организации