Советот го усвои Деловниот извештај за 2011 година - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Советот го усвои Деловниот извештај за 2011 година PDF Print E-mail
Wednesday, 25 April 2012 09:50

Советот на МЦСМ на 24 април 2012 година ја одржа својата петта седница на која расправаше за Деловниот извештај за 2011 година заедно со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење.

Советот го усвои Деловниот извештај за 2011 година

Членовите на Советот за претседавач на седницата го избраа Звонко Шаврески. Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС, во кратки црти ги презентираше постигнувањата во претходната година: реализирани 19 проекти со буџет од 53 милиони денари.

„Претходната година беше година на многу истражувања, рече Кржаловски, реализиравме вкупно 23 и после подолго време повторно се вклучивме во следењето на изборниот процес“. Тој ги акцентираше постигнувањата и по програми. Во делот на организациските работи тој ја издвои промената на раководството и повлекувањето на Сашо Клековски од позицијата прв извршен директор и повторниот избор на МЦМС за институција која раководи со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Беше нагласена и зголемената видливост на МЦМС во медиумите и на социјалните медиуми.   „Го исполнивме планот во година која финансиски можеме да ја карактеризираме како кризна. Пред МЦМС стојат предизвиците на идниот развој, влегуваме во година на нов среднорочен план во кој ќе продолжиме да ги остваруваме долгорочните цели со нови пристапи и потфати притоа и понатаму ќе ги диверзифицираме изворите на финансирање“.

Советот го усвои Деловниот извештај за 2011 година

Членовите изразија задоволство од постигнатите резултати. Тие се интересираа дали зголемената видливост носи придобивки во комуникацијата со институции и може ли да придонесе во понатамошната одржливост на МЦМС.  По дискусијата, едногласно беше усвоен Деловниот извештај заедно со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Советот го усвои Деловниот извештај за 2011 година