Реновирање на основни училишта во рурални заедници - извршно резиме |
Wednesday, 04 August 2010 15:21 | |||
Во периодот од 2007 до 2009 година МЦМС со финансиска поддршка од Сокотаб од Швајцарија и неговите партнери успешно реализираше проекти за реновирање на 6 рурални основни училишта, од претходно селектирани општини каде што претежно се одгледува ориентален тутун. Општа цел на проектот е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта. Цел на проектот е условите во основните училишта се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето. Очекувани резултати од проектот се:
Активности преку кои ќе се постигнат овие резултати се:
Целна група на проектот се ученици и вработени во основно училиште. Директни корисници се 837 ученици и 96 вработени од четири основни училишта. Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот ќе се спроведе во селата: Кукуречани (општина Битола), Ангелци (општина Василево). Покрај нив ќе се организира мала набавка на нагледни средства и книги за библиотека во с.Црнилиште (општина Долнени) и с.Конче (општина Конче). Активноста ќе ја спроведе тим од вработените во МЦМС заедно со вклучени претставници од општините, основните училишта, како и потребните надворешни актери (надзор, изведувач, стручни соработници и сл.). Временскиот период на спроведување на проектот е 04 јуни – 30 ноември 2010 г. Буџетот изнесува 5.246.255 МКД. Средствата се донација од Сокотаб и неговите партнери.
|