Прекуграничен форум на граѓански организации |
Thursday, 21 July 2011 14:34 | |||
Граѓанското општество во Република Македонија и Република Албанија се соочува со исти или слични слабости, проблеми и предизвици: слаб граѓански ангажман, средно или ограничено влијание, ниска доверба. Комуникацијата, координацијата и соработката на граѓанските организации од локално па до национално, регионално или меѓународно ниво преставува исто така е важен предизвик. Иако и македонските и албанските организации се релативно добро вмрежени во своите земји и на меѓународно ниво, не постои значителна соработка меѓу нив. Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е подобрена соработка помеѓу ГО за прашања од заеднички интерес. Целна група на проектот се граѓаните и граѓанските организации во југозападниот и полошкиот регион од Македонија, како и регионот на Дибер и Елбасан во Албанија. Проектот ќе се спроведува во пограничниот регион на Република Македонија со Република Албанија или поточно во југоизападниот и полошкиот регион од македонска страна и Дибер и Елбасан од албанска страна. Очекувани резултати од проектот се: Подобрена размена на информации и комуникација меѓу граѓанските организации; Зголемен капацитет за вмрежување на граѓанските организации; Поголема информираност на јавноста и другите чинители за активностите на граѓанските организации во пограничниот регион; и Споделени искуства, идентификувани заеднички интереси и иницирани заеднички активности меѓу граѓанските организации од пограничниот регион. Кон постигнувањето на резултатите ќе се придонесе со следните активности:
Периодот на спроведување на проектот е 1 април 2011 г. – 31 март 2012 г. Самиот пристап на проектот овозможува и бара вклучување на повеќе актери од двете земји. Акцентот на соработката ќе биде ставен на граѓанските организации и општините од пограничниот регион, кои ќе бидат поканувани по писмен пат да земат учество во активностите и ќе бидат консултирани за одредени прашања. Информации за активностите на проектот ќе објавуваат редовно на веб-сајтот на МЦМС и ИДМ. По проценка на одговорниот соработник за односи со јавноста дел од информациите ќе се објавуваат и на другите сајтови или медиуми како соопштенија за јавноста или огласи. Ќе биде отпечатен и промотивен материјал. Согласно договорот за поддршка на проектот ќе се применуваат барањата за видливост на Европската комисија. Проектот ќе се спроведе во партнерство на МЦМС со Институтот за демократија и медијација од Албанија (ИДМ) и Еколошкото друштво „Дешат" од Дебар. Одговорен соработник за проектот е Даниела Стојанова од Одделението за граѓанско општество (ОГО). Во проектниот тим се вклучени и Марија Саздевски, помлад соработник во ОГО и Грамоз Шабани, соработник од групата за информации, соработник од ЕД „Дешат", како и други соработници. Буџетот на проектот (директни трошоци) изнесува 2.232.500 денари. Проектот е финансиран од Европската Унија, во рамките на втората компонента за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и МЦМС.
|