Состанок за вмрежување и партнерство |
Thursday, 30 June 2011 00:00 | |||
Во текот на месец јуни се одржаа два состанока за вмрежување и партнерство за граѓанските организации вклучени во проектот „Прекуграничен форум на граѓански организации“. На двата состанока учествуваа претставници од седум граѓански организации. Првата средба се одржа во Дебар, додека втората во Гостивар. На самата средба беше презентиран проектот, како и наодите од Цивикус – Индекс на граѓанското општество, за состојбите на граѓанското општество во Македонија. Учесниците разговараа за можностите и предизвиците на ИПА – прекугранична соработка и за одржливиот развој во југозападниот и полошкиот регион. Проектот е спроведен во партнерство на МЦМС, ИДМ од Албанија и ЕД „Дешат“ од Дебар, а финансиран од ЕУ.
|