Граѓаните за текот на изборната кампања |
Monday, 30 May 2011 11:15 | |||
[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) како дел од Мојот избор 2011, ги истражуваа мислењата на граѓаните за текот на изборната кампања и односот на медиумите. Изборната кампања воопшто нема или малку ќе промени во рејтинзите на пар-тиите, е став на мнозинството граѓани (59,6%), за разлика од 30,1% кои очекуваат голема или целосна промена на рејтинзите. Ниту една кампања не им се допаѓа на 24,8% од граѓаните, а сите кампањи им се допаѓаат на 3,1%, додека 19,9% не одговориле. Од определените, на најмногу граѓани им се допаѓа кампањата на ВМРО-ДПМНЕ (22,4%), потоа на СДСМ (10,5%) и на ДУИ (8,6%). Не им се допаѓа кампањата на СДСМ (15,9%), потоа на ВМРО-ДПМНЕ (13,6%), ниту една кам-пања не им се допаѓа на 9,4%, Обединети за Македонија (6,9%) и ДУИ (5,1%). Најпозитивни оценети кампањи (индекс пресметан како однос на граѓани на кои им се допаѓа кампањата, наспроти оние на кои не им се допаѓа) имаат партиите НДП (индекс 4,6), ЛДП (3,0) и ВМРО-НП (2,0) додека најнегативна е онаа на Обединети за Македонија (индекс 0,1), потоа на СДСМ (0,7) и ДПА (1,0). Реториката на кампањата е навредлива за другите партии, мисли мнозинството на граѓани (56,7%). Околу 11% оцениле дека во кампањата се промовираат кандидатите за пратеници, односно изборната програма на партијата/коалицијата. Етничките Македонци ја перцепираат кампањата како навредлива (67,3%) почесто од етничките Албанци (24,8%). Мнозинството граѓани, за кампањата се информираат преку телевизиите (72,2%), а мал дел преку весници (11,7%), интернет (7,2%). Но, на 61,4% граѓани тие информации нема да им помогнат во одлуката за кого ќе гласаат, додека на 35,7% ќе им помогнат. Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета од страна на ИДСЦС од 25 до 27 мај 2011 г. на репрезентативен примерок од 1.111 испитаници. Изборните кампањи на политичките партии
|