Како до фондови |
Wednesday, 04 May 2011 12:55 | |||
Во текот на април, МЦМС спроведе три дводневни обуки за мобилизација на фондови. Обуките беа спроведени за претставници на општините од Пелагонискиот регион и за вработените на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ). На обуката „Изнаоѓање фондови“ спроведена за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) учесниците се запознаа со различните извори и начини на генерирање приходи, со Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и со Програмите на Заедницата. Обуката ја спроведоа Даниела Стојанова и Тања Хафнер-Адеми. Обука “Донаторски процедури“ за прв пат беше испорачана во Македонија, а се однесуваше на процедурите за подготовка, аплицирање и спроведување на проекти финансирани од Европската Унија. Обука ја испорачаа Фатмир Битиќи и Даниела Стојанова. На дводневната обука за генерирање приходи вработените на АОПЗ беа запознаени со различните извори и начини на генерирање приходи, со планирањето и компонентите од ИПА и со релевантните Програми на Заедницата, а преку практична работа беа развиени и неколку конкретни предлози за активности на Агенцијата. Обуката ја испорачаа Даниела Стојанова и Димче Митрески. Учесниците за најкорисна ја оценија обуката за донаторските процедури и сметаат дека освен обуки за подготовка на проекти, треба почесто да се организираат и обуки за нивно спроведување: „Несомнено корисна обука, која овозможува компетентно укажување за изворите на информации и квалитетен пренос на значење, што самостојно тешко можеме да го усвоиме“ изјави еден од учесниците. Мобилизацијата на фондови станува сè поважна активност како кај граѓанските организации, така и кај државните институции и општините. Со повлекувањето на традиционалните странски донатори, фондовите на Европската Унија и процедурите за аплицирање, како и спроведување на проектите финансирани од ЕУ се честа област на обуките за мобилизација на фондови.
|