Граѓаните се свесни за одговорноста кон животната средина - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните се свесни за одговорноста кон животната средина PDF Print E-mail
Monday, 18 April 2011 00:00

[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и за општествената одговорност на граѓаните. Ве известуваме за резултатите од делот што се однесува на одговорноста на граѓаните кон животната средина.

Согласноста за одговорноста на граѓаните за зачувување на животната средина е висока. Големо мнозинство граѓани (92,4 %) сметаат дека се одговорни за заштита на животната средина.

Општествена одговорност на граѓанитеГолемо мнозинство граѓани се согласуваат дека треба: да се одреди рок за исклучување на патничките возила кои не ги исполнуваат стандардите за издувни гасови (75,0 %); да се забрани работата на фабриките-загадувачи, сè додека не ги исполнат еколошките стандарди (81,4 %); и, да се подигнат стандардите за градба заради заштеда на енергија (79,3 %).

Највисока (89,5 %) и најхомогена поддршка граѓаните даваат на строгите/високите казни за фрлање ѓубре на места кои не се определени за тоа/диви депонии. Големо мнозинство се согласува и со задолжителното селектирање на ѓубрето од домаќинствата заради рециклирање (84,3 %).

Големо мнозинство граѓани (77,9 %) даваат согласност и со забраната на употреба на пластичните ќеси и нивна замена со хартиени и платнени. Помала е поддршката на плаќањето кауција за амбалажа која ја загадува животната средина (на пр. пластични шишиња), но сепак мнозинство граѓани (59,6 %) се согласуваат и со оваа мерка.

Мнозинство од граѓаните (76,3 %) се согласуваат да се забрани ловот на диви животни, кој влијае на намалувањето на биолошката разновидност, а понекогаш и на истребување одредени видови животни.

Согласноста за мерките за заштита и зачувување на животната средина расте со нивото на образование. За најголем дел од мерките граѓаните со повисоко образование и кои сметаат дека припаѓаат на повисоките социјални класи даваат повисока согласност. Согласноста со мерките варира во регионите. Може да се издвои скопскиот регион каде граѓаните скоро за сите мерки даваат повисока согласност од онаа на национално ниво. Во останатите региони за различни мерки и согласноста е различна.

Анкетата беше спроведена во декември 2010 г. на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓаните се свесни за одговорноста кон животната средина