Ниска општа и стабилна доверба во институциите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ниска општа и стабилна доверба во институциите PDF Print E-mail
Wednesday, 09 February 2011 13:53

[Прес соопштение] МЦМС спроведе повеќе истражувања за прашања од општествен интерес, меѓу кои и за  општата доверба и довербата во институциите .

Ниска општа и стабилна доверба во институциите

 Истражувањето покажа дека граѓаните имаат ниска општа доверба (9,7 %), а дека довербата во институциите е стабилна – индексот на доверба изнесува 41. Стабилноста е задржана, и покрај големиот пад во довербата во медиумите (53,6 % во 2008 г., на 40,4 % во 2010 г.) и умерениот пад на довербата во државата и во политичките партии, поради растот на довербата во граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Довербата во државниот сектор е стабилна и индексот на доверба изнесува 44,5.
Мнозинство граѓани имаат доверба во армијата, образовните институции, полицијата, здравствените институции иако кај последните три има малото во однос на 2008 година.

Довербата во правосудството во 2010 г. изнесува 30,4 % и е зголемена за 9,2 процентни поени во однос на 2008 г. Довербата во судиите изнесува 28,8 % и е зголемена за 8,1 процентни поени во однос на 2008 г. кога доверба во нив имале 20,7 %.

Намалена е довербата во Владата и во медиумите. Владата има доверба од 36,8 %, што е намалување од 2008 и 2007 г. кога изнесува 51 %, односно 44,6 %, а е  повисока од довербата во 2006 г. кога изнесува 26,6 %.
Довербата во медиумите е намалена за 13,2 процентни поени.

Висока е довербата во ОН, во ЕУ и во НАТО и расте довербата во меѓународната заедница. Довербата во ОН, во ЕУ и во НАТО е слична, од 57,8 %, до 61,1 %. Довербата во меѓународната заедница е поголема за 6,3 процентни поени во однос на 2008 г.

Довербата во микро-претпријатијата и банките е висока и изнесува 59,3 %. Довербата во големите претпријатија е порасната во 2010 г. за 5,1 процентен поен во однос на 2008 г.

Мнозинство од граѓаните имаат доверба во „даскали, лекари и попови/ оџи“ односно во наставниците/ професорите, лекарите, свештените/ верските лица. Најмала доверба граѓаните имаат во судиите (28,8 %) и во цариниците (28,7 %).

Ова и претходните истражувања покажале дека граѓаните на Македонија имаат повисока доверба во „сличните“, отколку општа доверба (доверба во „другите“ и „туѓите“). Етничката припадност и симпатизерите на политички партии се две социо-демографски карактеристики кои имаат најмногу влијание на довербата во институциите и секторите.

Во ова и претходните истражувања етничките Албанци имале пониска доверба од етничките Македонци во институциите кои се перцепираат како „симболи“ на државата и националниот интерес како Претседателот на Републиката, Владата или пак Армијата. Од друга страна етничките Албанци имале повисока доверба од етничките Македонци во меѓународната заедница и „новите“ институции како политички партии, локална самоуправа и граѓанско општество. Во 2010 година има намалување на довербата и во овие институции и за првпат етничките Албанци имаат помала доверба од етничките Македонци.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета – интервјуа „лице в лице“ во домаќинствата во декември 2010 година на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници од страна на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ). Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. 

  Општа доверба и доверба во институциите.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Ниска општа и стабилна доверба во институциите