|
Monday, 28 September 2009 11:30 |
|
[Прес соопштение] На 25 септември 2009 г., Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество (ЗКК) на ЕУ-РМ го поздрави предлогот на Европската комисија за безвизно патување за граѓаните на Република Македонија и ги повика и останатите институции во ЕУ да го следат нејзиниот пример. Членовите на ЗКК исто така бараат, што е можно побрзо, да започнат преговорите помеѓу ЕУ и Република Македонија веднаш штом бидат исполнети одредниците наведени во Пристапното партнерство.
|