Медиумите за промоцијата на „Злосторство без казна“ |
Thursday, 14 October 2010 09:02 | |||
Медиумите ја пренесоа веста од промоцијата на извештајот „Злосторство без казна“. Промоцијата се одржа на 13 октомври 2010 во х. Континентал, Скопје. Подолу се некои од објавените прилози. Балканот се гуши во корупција Балканот се гуши во корупција, a Македонија и Бугарија како земји излезени од поранешниот социјализам се соочуваат со слични проблеми во борбата со корупцијата. Ова е заклучокот од презентацијата на извештајот „Злосторство без казна“ за корупцијата во Бугарија. По 2007 година, кога Бугарија влезе во Европската Унија се забележаа некои позитивни трендови во борбата против корупцијата, но се појавуваат други видови на корупција, политичката корупција и навлегувањето на корупцијата во невладиниот сектор... Извор: Макфакс (13.10.2010)
Со бугарски искуства македонскиот невладин сектор ќе се заштитува од корупција Пренесување на бугарските искуства во борбата против корупцијата во првите години од влегувањето во Европската унија за да не се повторат во Македонија е основната цел на Извештајот за борба против корупцијата и организираниот криминал во Бугарија „Злосторство без казна“, што денеска беше промовиран во Скопје од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Во Извештајот подготвен од Центарот за проучување на демократијата од Бугарија се констатира забавување на борбата против корупцијата по влегувањето во Европската унија, зголемено коруптивно делување на носителите на централната и локалната власт поради добивањето можност за делење на европските фондови, зголемувањето на корупцијата во граѓанскиот сектор и формирање наменски невладини организации од страна на власта... Извор: МИА (13.10.2010)
По степенот на корупција Бугарија се врати на почетокот на деценијата. Две години по членството во Европската унија, корупцијата изби како проблем број еден. Бугарите стравуваат дека ваквиот тренд, кој наместо да опаѓа, драстично расте, може да доведе до целосна криминализација на државата. Предупредуваат, истото може да ја снајде и Македонија. Јавните набави, концесии, приватизации, инфраструктура, енергетика... области најпогодни за коруптивни зделки. Зголемените апетити, но и можноста директно да се злоупотребуваат европските пари најдоа одличен филтер преку невладиниот сектор... Извор: Сител (13.10.2010)
Балканот се гуши во корупција, a Македонија и Бугарија како земји излезени од поранешниот социјализам се соочуваат со слични проблеми во борбата со корупцијата, е заклучокот од презентацијата на извештајот „Злосторство без казна“ за корупцијата во Бугарија. Претставници на Бугарија денеска го презентираат извештајот „Злосторство без казна“, кој претставува анализа на состојбите со корупцијата во Бугарија. Тие објаснуваат дека по влезот на Бугарија во ЕУ, Владата станала главен актер во дистрибуцијата на средства од Европската унија... Извор: Форум (13.10.2010)
По влезот на Бугарија во Европската Унија, корупцијата помеѓу населението е зголемена и е вратена на нивото како на почетокот на деценијата, велат од Бугарскиот центар за проучување на демократијата. Според нивното истражување, неказнивоста за корупција и организиран криминал во највисоките ешалони од власта остануваат најголем предизвик за бугарското општество. Голем број од судските предмети добиваат ослободителна пресуда, а добар дел од нив јавното обвинителство не ги препраќа до надлежните судови. Загрижува и рапидно зголемениот број на невладини организации во кои учевство земаат високи функционери кои остваруваат дополнителен легитимен приход. - Со ова сакаме да ви покажеме што е можно да се случи ако Владата и граѓанскиот сектор не обрнат доволно внимание на сиве овие ризици. Треба да се создадат јаки контролни механизми уште во предпристапната фаза за да се избегнат ваквите појави, рече Марија Јорданова од Центар за проучување на демократијата... Извор: Телма (13.10.2010)
Нема вистинска воља за борба против корупцијата „Ова е палење на светлото за тревога кај сите влади и граѓани од сите земји, во смисла на интензивирање на активноста во борбата против корупцијата, затоа што корупцијата се повеќе ги задушува системите и општества на овие земји"... Извор: Алсат (13.10.2010)
Македонија се дави во корупција Македонија се дави во корупција. Се гласаат закони но никој не ги спроведува. Во отсуство на акција против корупцијата остануваат само декларативните заложби на власта- јавно критикуваше претседателот на Антикорупциска. Политичката волја против корупцијата е во криза.
Антикорупционерот удри и по државните функционери- ако навистина државата сака да се справи со корупцијата тогаш мора да има лидери со интегритет, имуни на корупција.
Извор: Алфа (13.10.2010)
|