Медиумите за средбата на министерот Маневски со ГО - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за средбата на министерот Маневски со ГО PDF Print E-mail
Wednesday, 30 September 2009 15:59

Министерот Маневски и претставници на нво заеднички го подготвуваат новиот закон за здруженија и фондации

Министерот за правда Михајло Маневски и претставници на невладините организации и здруженија, денеска на работна средба во Министерството разговараа за подготовката на новиот закон за здруженија и фондации, чија конечна верзија се очекува да биде донесена во ноември годинава.

Медиумите за средбата на министерот Маневски со ГО

Законот, со оглед на неговото значење, нагласи министерот Маневски по средбата, ќе биде ставен на поширока јавна расправа, со цел да ги задоволи потебите на граѓаните и на невладиниот сектор. Тој подвлече дека Министерството за правда е подготвено и натаму, како и досега да соработува со невладините организации.

- Се договоривме и во наредниот период да имаме контакти, да ги изнесуваме нашите програми и иницијативи во однос на законите, како и да го консултираме невладиниот сектор затоа што цениме дека таквите консултации ќе бидат од исклучително значење за уредување на законите и другите прописи што ги подготвува Минситерството за правда, изјави министерот Маневски.

Според Сашо Клековски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како што течат досега подготовките, новиот закон за здруженија и фондации се очекува да биде најмодерен во Југоисточна Европа, а е клучен за натамошното спроведување на стратегијата за соработка на Владата со НВО. Претставниците на невладините организации веќе го информирале министерот Маневски и Минситерството за финансии дека следното прашање по донесувањето на овој закон, е начинот на финансирање на здруженијата и на фондациите.

- За нас е клучна натамошната либерализација и намалување на административните проблеми во работата на здруженијата на граѓани, каде постигнавме битен напредок. Другото е воведување статус јавен интерес, што ќе значи повисоко ниво на организција на здруженијата и фондациите и повисоко ниво на одговорност, а што пак ќе биде основа за продлабочување  на односите со државните органи, појасни Клековски. Како пример тој посочи дека согласно Конвенцијата за правата на децата досега здружение може да основаат само полнолетни лица, а  сега е најдено решение да може и лица од 15 години да добијат можност да се здружуваат.

- Се залагаме за можноста малолетници односно лица помлади од 18 години, да можат да формираат здруженија, како еден вид младински организации,што е важно за поттикнување на корените на граѓанското општество во една рана возраст, за остварување на своите права, изјави Катерина Коневска од „Меѓаши“.

На денешната средба во Министерстото за правда активно учество имаа и претставници на НВО „Полио плус“, „МОСТ“, „Месечина“ од Гостивар, СОЖМ, Првата детска амбасада „Меѓаши“, Ценарот за граѓански иницијативи од Прилеп, ФИООМ, како и МЦМС.

Извор: Сител (26.08.2009)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Медиумите за средбата на министерот Маневски со ГО