Медиумите за учеството на граѓаните во непартиски политички активности |
Monday, 13 April 2009 14:37 | |||
Медиумите покажаа интерес за резултатите од вториот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на непартиските политички активности на граѓаните. Подолу се дел од написите и прилозите: A2 - Учеството на граѓаните во непартиски политички активности Александар Кржаловски од МЦМС ги презентираше резултатите од вториот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на непартиските политички активности на граѓаните.
Извор: А2 (11.04.2009) Граѓаните се почесто во непартиски активности Граѓаните се' повеќе учествуваат во непартиски политички активности, покажува истражувањето за граѓанската општествена одговорност, што по третпат го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка. Учеството на граѓаните во непартиски политички активности е мерено преку учество во петиции, во протести, бојкот (некупување производи и слично) и во пополнување граѓански дневник. Според истражувањето, 40,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека учествувале на протест, демонстрација и на митинг. Притоа е поголемо учеството на мажите во однос на жените, за 12,4 проценти, на етничките Албанци во однос на етничките Македонци, за 13,4 проценти, како и на лицата со повисоко образование. Околу една третина, 31,7 процент, од испитаниците се изјасниле дека потпишале петиција во последните пет години, соопшти МЦМС. Извор: Дневник (11.04.2009)
Граѓаните се' повеќе учествуваат во непартиски политички активности, покажува истражувањето што го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка. Учеството на граѓаните во непартиски политички активности е мерено преку учество во петиции, во протести, бојкот (некупување производи и сл.) и пополнување граѓански дневник. Според истражувањето, 40,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека учествувале на протест (демонстрација, митинг). Поголемо е учеството на мажите во однос на жените за 12,4 отсто, на етничките Албанци во однос на етничките Македонци - за 13,4 проценти, како и на лицата со повисоко образование. Околу една третина, 31,7 проценти од испитаниците, се изјасниле дека потпишале петиција во последните пет години. Третина од популацијата воопшто не би учествувала во протести и петиции. Учеството на граѓаните во категориите бојкот и граѓански дневник е мало, односно застапено со 16,7, односно 12,3 проценти. Кај граѓанскиот дневник, малото учество можеби се должи и на релативно краткото време, околу три години од неговото воведување. (П.Р.) Извор: Утрински венсик (11.04.2009) Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности, покажува истражувањето за граѓанската општествена одговорност, што го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС по трет пат. Учеството на граѓаните во непартиски политички активности е мерено преку учество во петиции, во протести, бојкот (некупување производи и сл.) и пополнување граѓански дневник. Според истражувањето, 40,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека учествувале на протест (демонстрација, митинг). Притоа е поголемо учеството на мажите во однос на жените, за 12,4 проценти, на етничките Албанци во однос на етничките Македонци, за 13,4 проценти, како и на лицата со повисоко образование. Околу една третина, 31,7 проценти од испитаниците се изјасниле дека потпишале петиција во последните 5 години. Ист процент или околу третина од популацијата воопшто не би учествувала во протести и петиции. Учеството на граѓаните во категориите бојкот и граѓански дневник, е мало, односно застапено со 16,7, односно 12,3 проценти. Кај граѓанскиот дневник, малото учество можеби се должи и на релативно краткото време, околу 3 години од неговото воведување и неинформираноста на граѓаните за таа можност, соопшти МЦМС. Извор: МИА (10.04.2009)
|