Сител: Балканците се уште далеку од визно олеснување! |
![]() |
![]() |
![]() |
E martë, 26 gusht 2008 01:00 | |||
За само 2 месеци околу 90 граѓани се обратиле на слободната инфо- линија, со поплаки на адреса на амбасадите, или поради недостиг на информации за визното олеснување.
Според информации на МНР на листата на амбасади кои најчесто ја кршат спогодбата се оние во чии земји и најчесто се патува. Италијанската, германската, француската, австриската. И останатите балкански земји, иако потписници на спогодбата се уште се далеку од визно олеснување. Најлоша е состојбата во Албанија каде амбасадите поставуваат уште поригорозни критериуми, поради честото искуство со фалсификувани документи и патни исправи. Спогодбата за олеснување на визниот режим стапи во сила на почетокот од годинава, за жал граѓаните се уште ја доживуваат како позитивна идеја која никако да се спроведе во пракса. Во јуни мешовитиот комитет на МНР сите забелешки за визното олеснување и ги пренесе на европската комисија. Резултати се уште нема, ниту пак дел од амбасдите ги исправија грешките. Поради лошите резултати од спроведувањето на спогодбата , од МЦМС предлагаат визното олеснување да се замени со целосна визна либерализација. Извор: Сител (26.08.2008)
|