Press Online: ЗЕЛС Експо и НВО саемот |
Friday, 24 October 2008 10:06 | |||
На Скопскиот саем ќе бидат отворени две саемски манифестации - Третиот ЗЕЛС Експо и Петтиот НВО Саем, кои покрај тоа што ќе имаат издвоени настани ќе имаат и заеднички панел дискусии што ќе се однесуваат на процесот на децентрализацијата и соработката меѓу граѓанскиот сектор и локалните самоуправи. "ЗЕЛС ЕКСПО ќе се одржува на 9 и 10 декември. Ќе почне со Генерално Собрание на ЗЕЛС на кое ќе присуствува и шефот на канцеларијата на Европската комисија во Македонија Ерван Фуере, а ќе го отвори министерот за локална самоуправа Ризван Сулејмани. ЗЕЛС ЕКСПО ќе има изложбен дел на кој ќе се претстават педесеттина општини, а во негови рамки ќе се одржат и повеќе панел дискусии", појасни денеска претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров. Тој додаде дека организаторот на НВО саемот, што ќе се одржува во истовреме, овозможил поддршка на десеттина општини, претежно од руралните области, да се претстават на саемот. Во овој контекст претседателот на МЦМС Сашо Клековски истакна дека соработката на граѓанскиот сектор со локалните самоуправи е на исклучително вискоко ниво и оти таа има за цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на граѓаните. "Носечка тема на саемот на невладини организации ќе биде процесот на децентрализацијата во насока на тоа што е постигнато од неговиот почеток до сега. На овој начин сакаме да го свртиме вниманието на јавноста на оваа исклучително важна сфера, која ќе биде значајна во одлучувањето за успехот на нашатат транзиција", рече Клековски. На НВО Саемот ќе се одржат 62 настани, ќе учествуваат 228 граѓански здруженија на 118 штандови, а на него ќе учествуваат и невладини организации гости од Албанија. Извор: Press Online
|