Wednesday, 30 November 2022 14:41 |
Целосен текст: SELDI-PB-17-Anticorruption-policies-and-regulatory-environment.pdf Инфографик за клучните наоди: Anti-corruption-policies-and-regulatory-environment-key-findings.pdf Инфографик за препораки за политики: Anti-corruption-policies-and-regulatory-environment-policy-recommendations-1.pdf
И покрај високите нивоа на корупција, забележани преку Системот за следење на корупцијата (СМС) на СЕЛДИ за 2021 година, земјите од Западен Балкан и понатаму немаат кохерентен пристап за справување со проблемот. Направени се голем број институционални и правни подобрувања во рамките на пристапувањето во ЕУ. Сепак, новоусвоените закони и стратегии и новосоздадените специјализирани институции допрва треба да вродат со плод во борбата со корупцијата. Овој документ дополнително нагласува дека стратегиите за борба против корупцијата се спроведуваат на некоординиран начин, со поделени одговорности меѓу повеќе институции и промовира споделување на добри практики меѓу земјите од Западен Балкан.
|