Ставови и искуство со предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија |
Tuesday, 25 October 2022 12:24 | |||
Автори: Александра Савевска, Фанија Ивановска МЦМС го спроведе истражувањето „Ставови и искуство со предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија“ со цел да се испитаат ставовите на граѓаните за нивните искуства за овие прашања. Со прашалникот беа опфатени темите:
Наодите од истражувањето покажуваат дека во Северна Македонија постојат групи граѓани кои се цел на отворено искажани предрасуди, и тоа во неколку заштитени карактеристики. Во овие групи спаѓаат: лезбијките, геј и бисексуалните лица кон кои испитаниците изразиле високи 53,5% негативни чувства, следуваат трансродовите лица кон кои има 46,3% изразени негативни чувства, а потоа следуваат имигрантите со 21,6% и барателите на азил со 17,5%. Мнозинство позитивни чувства преовладуваат за жените, луѓето над 70 г., луѓето под 30г., луѓето со посебни потреби, христијаните, мажите, лицата со нарушена ментална состојба, муслиманите и Ромите. Поконкретно, за жените се изразени високи 82,6% позитивни чувства додека за Ромите се изразени 63,5% позитивни чувства, другите групи се помеѓу овие два процента. Резултатите покажаа дека најмногу стереотипно перципирани како помалку способни и помалку пријателски од другите се ЛГБ лицата, по нив следуваат Ромите и лицата со попреченост. Резултатите покажуваат конзистентен тренд на силно изразена социјална дистанца на основа на етничка припадност и вероисповед за низа од понудените социјални човечки односи. На испитаниците им е попријатна идејата да имаат за раководител, сосед или да се дружат со некој кој е од различна етничка припадност или вера, отколку некој нивни близок роднина да формира брак со некој кој е од различна етничка припадност или вера. Истражувањето е спроведено од 24 јуни до 5 јули 2022 година со телефонска анкета која беше одговорност на агенцијата М-Проспект. Примерокот е репрезентативен на национално ниво и вклучува 1.000 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „Комисијата за антидискриминација за извршува својата превентивна и заштитна улога“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од МЦМС.
|