Ставови и искуство со предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ставови и искуство со предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 25 tetor 2022 12:24

Автори: Александра Савевска, Фанија Ивановска
Датум: октомври 2022 г.
PDFStavovi_i_iskustvo_so_predrasudi_socijalna_distanca_i_ednakvost_vo_Severna_Makedonija.pdf

Stavovi i iskustvo so predrasudi socijalna distanca i ednakvost vo Severna MakedonijaМЦМС го спроведе истражувањето „Ставови и искуство со предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија“ со цел да се испитаат ставовите на граѓаните за нивните искуства за овие прашања. Со прашалникот беа опфатени темите:

  • Ставови и искуство со предрасуди и стереотипи – лично доживеани и набљудувани општествени односи на стереотипно таргетирање;
  • Ставови за социјална дистанца – лични ставови;
  • Ставови за еднаквост – лични ставови;
  • Мотивација за контрола на предрасудите – лични ставови.

Наодите од истражувањето покажуваат дека во Северна Македонија постојат групи граѓани кои се цел на отворено искажани предрасуди, и тоа во неколку заштитени карактеристики. Во овие групи спаѓаат: лезбијките, геј и бисексуалните лица кон кои испитаниците изразиле високи 53,5% негативни чувства, следуваат  трансродовите лица кон кои има 46,3% изразени негативни чувства, а потоа следуваат имигрантите со 21,6% и барателите на азил со 17,5%.

Мнозинство позитивни чувства преовладуваат за жените, луѓето над 70 г., луѓето под 30г., луѓето со посебни потреби, христијаните, мажите, лицата со нарушена ментална состојба, муслиманите и Ромите. Поконкретно, за жените се изразени високи 82,6% позитивни чувства додека за Ромите се изразени 63,5% позитивни чувства, другите групи се помеѓу овие два процента.

Резултатите покажаа дека најмногу стереотипно перципирани како помалку способни и помалку пријателски од другите се ЛГБ лицата, по нив следуваат Ромите и лицата со попреченост.

Резултатите покажуваат конзистентен тренд на силно изразена социјална дистанца на основа на етничка припадност и вероисповед за низа од понудените социјални човечки односи. На испитаниците им е попријатна идејата да имаат за раководител, сосед или да се дружат со некој кој е од различна етничка припадност или вера, отколку некој нивни близок роднина да формира брак со некој кој е од различна етничка припадност или вера.

Истражувањето е спроведено од 24 јуни до 5 јули 2022 година со телефонска анкета која беше одговорност на агенцијата М-Проспект. Примерокот е репрезентативен на национално ниво и вклучува 1.000 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „Комисијата за антидискриминација за извршува својата превентивна и заштитна улога“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од МЦМС. 

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Ставови и искуство со предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија