Thursday, 08 April 2004 01:00 |
Иницијаторите на граѓанската акција "Кажи Македонија" вчера и предадоа протестно писмо, 50.000 потписи и илјадници картички со порака "Не ме фиромирај, викај ме Македонија" на македонската парламентарна делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Делегацијата сето тоа треба да ги предаде до европратениците на заседанието на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што ќе се одржи кон крајот на овој месец. Акција "Кажи Македонија" почна пред околу еден месец, кога во јавноста излезе информацијата за директивата од кабинетот на генералниот секретар на Советот на Европа Јан Клајсен, во која Република Македонија фигурира како ФИРОМ, а нејзните жители како Славомакедонци. Организатори на акцијата се невладините организациии: "Охо", Македонскиот центар за меѓунродна соработка - МЦМС и Фондацијата "Институтот отворено општество". Пеце Талески од "Охо" рече дека низ земјата дистрибуирале 210.000 поштенски картички, собрале 50.000 потписи низ 15 македонски градови, како и 2.500 потписи од дијасопората во Детроит. Е.А.
Извор: Вест (8.април.2004)
|