Вечер: Истражување на МЦМС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: Истражување на МЦМС PDF Print E-mail
Friday, 12 October 2007 01:00

Зголемен е и процентот на нетолерантност кон странците кој изнесува 67, 2 отсто
Граѓаните во своја близина не сакаат наркомани, пијаници и педери, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

7f9c0e68e8588b43892230725c281e91

За оваа невладина организација, загрижувачки се резултатите кои покажуваат дека дури за 92,8 отсто од Македонците најнепосакувана група се наркоманите. Граѓаните не ги толерираат ниту алхохоличарите (88,9%) и хомосексуалците (82,9%).

- Ниска толеранција постои и кон жртвите на насилство, луѓе од друга вера, друга етничка припадност, а зголемен е и процентот на нетолерантност кон странците кој изнесува 67, 2 отсто - рече Александар Кржаловски, од МЦМС.

Мнозинството од граѓаните, според истражувањето, веруваат дека граѓанските организации се средство со кое вешти поединци доаѓаат до пари и влијание или им служат само на интересите на странски држави и нивните фондации. Институтот Отворено општество, Сојузот на студентите при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и "МОСТ" се дел од организациите за кои граѓаните сметаат дека имаат политичко влијание.

- За граѓаните, граѓанските организации се злоупотребувани од политичките партии или зад нив се кријат политички партии. Но, тие во малку случаи можат тоа да го илустрираат со пример - рече Кржаловски.

Македонците најмногу ги знаат организациите кои работат на намалувањето на сиромаштијата, а најмалку на економски развој.
Резултатите покажале дека граѓаните во Македонија најмогу му веруваат на семејството, но загрижувачки е што во земјава релативно ниска е општата доверба - 57, 3 проценти и довербата во институциите која изнесува 43,1 процент. Медиумите бележат мал пад во довербата, на 52,6 од 56,7 проценти, граѓанскиот сектор бележи пад од три проценти, а довербата кон државата е зголемена од 29, 2 проценти на 38,6.

3b770a522a7b55448ffe15a4be81e4f7

Сепак, граѓаните најмалку им веруваат на политичките партии, односно само 23, 1 процент од испитаниците одговориле позитивно.
Истражувањето покажало дека граѓаните не им веруваат и на судиите - 74,6 проценти, како и на цариниците - 81,9 проценти. Голема недоверба постои и кон синдикатите и стопанските комори, а црквите и верските заедници имаат стабилен процент на доверба - 65, 6.
Образовните институции остануваат и понатаму со најголема доверба од граѓаните, а по нив се АРМ и полицијата. Се бележи зголемување на довербата кон докторите, но недовербата кон здравствените организации е голема и изнесува 50,9 проценти.

Владата на Република Македонија во однос на лани бележи зголемување во довербата на 44,6 од 26,6 проценти.

(Г.М.)

Извор: Вечер (12.октомври.2007)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Вечер: Истражување на МЦМС