Време: Форум за европската интеграција на Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Форум за европската интеграција на Македонија PDF Print E-mail
Monday, 29 November 2004 01:00

Европска интеграција на Македонија, но и дебати за сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и за различните стратегии за одржливоста на граѓанскиот сектор се темите на кои ќе се фокусираат четвртиот НВО-саем и Форумот за граѓанско општество, кој ќе се одржи од петок до недела во втората и третата хала на скопското Сајмиште.

Саемот ќе го организираат институтот „Отворено општество“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за институционален развој. Паралелно со форумот ќе се одржува и Саем на медиумите, а в среда и в четврток ќе се случуваат и Деновите на верските заедници во Македонија.

На НВО-саемот свои презентации ќе имаат повеќе од 230 невладини организации од Македонија и од регионот, кои ќе бидат поделени во 13 сектори за посетителите поради, како што велат организаторите, полесно снаоѓање на посетителите. Во текот на форумот ќе бидат одржани дебати и едукативни сесии како дел од конференцијата „Стратегии за одржливоста на граѓанскиот сектор“.

- Конференцијата што ја организира Центарот за институционален развој ќе се отвори со панелот за тоа дали граѓанскиот сектор може да опстои без финансиска помош однадвор. Веднаш потоа следува панелот за поддршка на граѓанските организации од јавни извори - најавуваат организаторите.

В среда и четврток во управната зграда на „Скопски саем“ ќе се одржат Денови на верските заедници во Македонија. Настанот е дел од програмата за меѓурелигиска соработка на МЦМС, Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква и други верски заедници.

- Ова е прв собир од ваков вид. На него ќе учествуваат 18 од 25 регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи во земјава.

К. Н.

Извор: Време (29.ноември.2004)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Време: Форум за европската интеграција на Македонија