Време: Рашче ќе куртули од излеаните фекалии |
![]() |
![]() |
![]() |
Thursday, 15 September 2005 01:00 | |||
Екипите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ вчера ги поправаа оштетените шахти на фекалната канализација во селото Рашче. Дефектите на оваа мрежа настанале пред околу два месеца, а фекалната вода течеше по улиците во селото, над цевките што водата за пиење ја носеа до Скопје, покрај куќите и во нивите на жителите. - Екипите на претпријатието се тука уште од утрово, заедно со претставници од општината Сарај и до крајот на денов треба да го поправат дефектот. Со тоа ќе се реши еден од најголемите проблеми во селово во последниве месеци. За прочистителната станица, која е во катастрофална состојба, треба да се направи канал за водата од неа да не оди во нивите. Но тоа е посебен проект - рече вчера Рафис Ковачи, претседателот на месната заедница во Рашче. Фекалната мрежа во Рашче е изградена пред околу пет години, со донација од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Откако таа се оштети, низ селото се ширеше непријатна миризба, а постоеше опасност фекалиите да се излеат близу до изворот за вода. До „Водовод и канализација“ стигнаа најави од повеќе инспекторати дека ќе бидат казнети ако не го поправат дефектот. Г. Т. Извор: Време (15.септември.2005)
|