Медиумите за „Извештај за проценка на корупцијата во Македонија“ |
Friday, 17 October 2014 08:47 | |||
МЦМС го презентираше Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија на форумот „Политики за антикорупција“ што се одржа на 14 октомври 2014 година во хотелот Холидеј ин во Скопје. Подолу се известувањата на медиумите за тоа. Волерс за антикорупскиската комисија: Не е смешно туку тажноКорупцијата во Македонија е петти најголем проблем на граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, покажува извештајот подготвен од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) реализиран во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата, презентиран денеска. Во истражувањето се констатира дека дел од политиките за борба кои се спроведуваат не се соодветни на реалните потреби. Извор: НОВАТВ КОРУПЦИЈА: Лекарите и службениците најмногу бараат мито?Според перцепцијата на македонските граѓани судиите и цариниците се најкорумпирани, но истражувањата покажуваат друго – најмногу мито бараат лекарите и службениците. Ова го заклучува Извештајот за проценката на корупцијата во земјава што го подготви Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Извор: Фактор Корупцијата е петти најголем проблем на граѓаните во МакедонијаГраѓаните во Македонија препознаваат различен облик на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција. Голем дел од граѓаните сметаат дека државните службеници се корумпирани. Според перцепцијата за корупција, најкорумпирани се цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите, изјави Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) по денешниот форум „Политики за анти-корупција“ на кој беше презентиран Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија, подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Сител Корупцијата е петти најголем проблем на граѓаните во МакедонијаГраѓаните во Македонија препознаваат различен облик на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција. Голем дел од граѓаните сметаат дека државните службеници се корумпирани. Според перцепцијата за корупција, најкорумпирани се цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите, изјави Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) по денешниот форум „Политики за анти-корупција“ на кој беше презентиран Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија, подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Економски Лидер ФИРМИТЕ ДАВААТ 64 МИЛИОНИ ЕВРА МИТО ГОДИШНОСпоред извештајот на МЦМС, во рамки на програмата за УСАИД за борба против корупцијата, фирмите даваат 64 милиони евра мито годишно Извор: Вест КОРУПЦИЈАТА ЈА ЈАДЕ МАКЕДОНИЈАКорупцијата е една од најсериозните болести на македонското општество. Дури две третини од граѓаните сметаат дека речиси сите или најголем дел од државните службеници се во коруптивни случаи, покажува извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Амбасадорот на САД, Пол Волерс, на денешната презентација на извештајот, упати остри критики за борбата против корупцијата во земјава, потенцирајќи дека наделжните институции и судот мора да направат многу повеќе за спречување на оваа појава. Извор: Телма Најкорумпирани лекарите и судиите, бобрата против корупцијата се засилуваЛекарите ги водат судиите кога станува збор за директна вклученост во корупцијата - покажува најновиот извештај на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Покрај поткупот граѓаните препознаваат и многу други облици на корупција. Извор: МРТ ВОЛЕРС: ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА НИТУ ЕДЕН ОСУДЕН ЗА КОРУПЦИЈАВолерс, го отвори форумот „Политики за антикорупција“, организиран во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција. На Форумот беше презентиран првиот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија, кој дава сеопфатен преглед на сегашната состојба со корупцијата, како и на мерките за спречување на корупцијата во периодот меѓу 2002 и 2013 година. Извор: Инбокс 7 МЦМС: Корупцијата петти најголем проблем за граѓанитеКорупцијата во земјава е петти најголем птоблем на граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, покажува извештајот подготвен од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) реализиран во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата, презентиран денеска. Во истражувањето се констатира дека дел од политиките за борба кои се спроведуваат не се соодветни на реалните потреби. Извор: Инфо+ Бизнис заедницата во Македонија годишно за поткуп дава 64 милиони евра!Во Македонија, корупцијата е на 5. место како проблем на граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени, стои во Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Е-магазин Корупцијата – петти најголем проблем за граѓаните во МакедонијаГраѓаните во Македонија препознаваат различен облик на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција. Голем дел од граѓаните сметаат дека државните службеници се корумпирани. Според перцепцијата за корупција, најкорумпирани се цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите, рече Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) по денешниот форум „Политики за анти-корупција“ на кој беше презентиран Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија, подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Фама МЦМС: Корупцијата е петти најголем проблем за македонските граѓаниДржавните службеници се корумпирани, меѓу нив цариниците и судиите, а тука се и лекарите, покажуваат резултатите од истражувањето презентирано во Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Извор: МКД.МК МЦМС: Корупцијата - петти најголем проблем во МакедонијаСудиите и јавните обвинители се најкорумпирани, сметаат граѓаните – до вакви резултати дојде Македонскиот центар за меѓународна соработка анализирајќи го нивото на корупција. Но како проблем е рангирана на петтото место, по невработеноста, сиромаштијата, ниските плати и високите цени. Извор: 24Вести КОРУПЦИЈАТА Е ПЕТТИ НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА„Корупцијата е рак за општествата и таа е глобален проблем. САД сакаат Македонија да успее во борбата против корупцијата, бидејќи таа е американски сојузник и пријател. Не сакаме да го видиме случајот на Украина во вашата земја“, истакна американскиот амбасадор Пол Волерс на вчерашниот форум „Политики за антикорупција“ на кој беше презентиран Извештајот за процена на корупцијата во земјава, подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Утрински Корупцијата во 5-те најголеми проблеми за МакедонцитеГраѓаните во Македонија препознаваат различен облик на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција. Голем дел од граѓаните сметаат дека државните службеници се корумпирани. Според перцепцијата за корупција, најкорумпирани се цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите, изјави Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) по денешниот форум „Политики за анти-корупција“ на кој беше презентиран Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија, подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Локално.мк Најкорумпирани се цариниците, судиите и лекаритеСпоред перцепцијата за корупција, најкорумпирани се цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите, изјави Емина Нурединоска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) по денешниот форум „Политики за анти-корупција“ на кој беше презентиран Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија, подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Денешен ПОЛ ВОЛЕРС: ТАЖНО Е ШТО ЛАНИ ВО МАКЕДОНИЈА НИКОЈ НЕ Е ОСУДЕН ЗА КОРУПЦИЈАНе е смешно, повеќе би рекол дека е тажно што минатата година во Македонија никој не е осуден за корупција, изјави вчера американскиот амбасадор во нашата земја Пол Волерс. Тој учествуваше на дебата по повод презентацијата на извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, во кој е опфатено и испитувањето на јавното мислење спроведено годинава. Во извештајот се наведува дека корупцијата е петти клучен проблем за граѓаните по невработеноста, сиромаштијата, ниските приходи и високите цени. Симулацијата на пресметката на годишната цена за поткуп дадена од бизнисмените, направена во извештајот, изнесува 64 милиони евра, односно 0,85 отсто од годишниот БДП на Македонија според податоците од 2012 година. Извор: Дневник Корупцијата е петти најголем проблем на граѓанитеВо Македонија корупцијата е на петто место како проблем на граѓаните, по невработеноста, сиромаштијата, ниските примања и високите цени. Во извештајот за проценка на корупцијата се нотира дека граѓаните препознаваат различен облик на корупција, не само поткупот како основен облик на корупција. Голем дел од граѓаните сметаат дека државните службеници се корумпирани. Според перцепцијата за корупција, најкорумпирани се цариниците и судиите, а кога станува збор за директна вклученост во корупција, тоа се лекарите. Извештајот е подготвен од МЦМС во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата. Извор: Радио Слободна Европа
|