КЗД во функција на заштитата од дискриминација – водич за граѓаните - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

КЗД во функција на заштитата од дискриминација – водич за граѓаните PDF Print E-mail
Monday, 10 February 2014 16:46

Автори: Агим Нухиу; Ирена Митевска; Ленче Коцевска; Ризван Сулејмани
Дата: февруари, 2014 година
PDF:   vodic-za-graganite-mk.pdf

kzd-koricaВодичот „КЗД во функција на заштитата од дискриминација“ претставува систематизирано и искуствено разгледување на постапката од поднесување претставка од страна на лицето кое наводно е дискриминирано до конечно заземање став во вид на мислење, од страна на Комисијата за заштита од дискриминација. Како појдовни документи за составување на овој водич се земени Законот за спречување и заштита од дискриминација, Деловникот за работа КЗД, како и претходно донесениот Стратешки план и Комуникациската стратегија на КЗД.  Посебно се водеше сметка за сознанијата добиени од досегашното работење на Комисијата и воспоставените практики во работата.

Досегашното искуството од работата на Комисијата укажа дека е неопходен документ кој постапката пред Комисијата ќе ја направи појасна, а со тоа работата на комисионерите и поефективна. Имајќи предвид дека граѓаните кои се жалат за повреда на правото по основ на дискриминација не се секогаш доволно стручно образовани за оваа проблематика, водичот следи една поедноставна терминологија за појаснување на постапката пред комисијата. Ова не значи дека нема да им користи и на други заинтересирани страни, како што се невладини организации (НВО) и други поединци и институции кои потемелно ја третираат ова проблематика.

Пред да се почне со подетално објаснување на дејствијата и активности за секоја глава поединечно, дадени се кратки објаснувања за изразите, кои најчесто се користат во водичот.

Секоја глава има и неколку подглави, каде попрецизно се обработува проблематиката која ја третира таа глава. Водичот не ги обработува основите на дискриминација бидејќи тие се разработени во посебен водич на Комисијата. Во водичот посебно се нагласуваат или потенцираат одредени ситуации кои се забележани како искуство или опис на моменталната ситуација за одредени области или воспоставени практики. Заклучоците по глави се дадени на основа на досегашното искуство или сознанија од добрите практики во некои други тела слични на Комисијата за заштита од дискриминација.

Овој водич треба да служи како помагало за сите тие кои сметат дека се жртва на дискриминација, по кој било основ и од која било област, без претензии дека е крајниот збор во обработката на оваа проблематика. Три години од работата на оваа комисија сепак е прекраток период за да се извлечат крајни заклучоци и препораки, но доволен за да се подготви водич кој во оваа ситуација и во овие околности ќе им биде од помош на тие кои ќе се обратат до нас било како наводно дискриминиран или наводен дискриминатор, било за добивање подетални информации и податоци за работата на Комисијата.

Водичот е изработен во рамките на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“, кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија, на кои искрено им се заблагодаруваме.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media КЗД во функција на заштитата од дискриминација – водич за граѓаните