Утрински весник: МЦМС: Низок јавен дух и големи очекувања од државата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: МЦМС: Низок јавен дух и големи очекувања од државата PDF Print E-mail
Wednesday, 30 January 2008 01:00

Мнозинството граѓани (52,9 отсто) сметаат дека државата е најодговорна за решавањето на општествените потреби. Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 39,3 отсто од 26,4 отсто во претходната година. Постои висока согласност (92,1 отсто) дека новиот развој, вработувањето и оспособувањето на граѓаните се решение за проблемите, се вели во најновиот извештај што вчера го промовираше Македонскиот центар за меѓународна соработка, како резултат на истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“ кое се спроведува по вторпат.

9d0d6bae7d5d2b4a8d7a07ece7715780

Извештајот е резултат на потребата да се провери каква е општествената одговорност на граѓаните, го анализира јавниот дух, учеството во непартиските политички активности, волонтерската активност во заедницата, учеството и активноста на граѓаните во организациите на граѓанското општество и добротворните прилози.

Анкетирањето е направено во декември 2007 година на репрезентативен примерок од 1.601 испитаник.

Постојат големи јазови меѓу изјавите за граѓанска одговорност и конкретните одговорности. „Додека 88,7 отсто од граѓаните сметаат дека постои одговорност за почитување на законите, кај јавниот дух тоа се намалува на 74,2 отсто, а се движи меѓу 57,8 отсто и 80,8 отсто за одговорноста за конкретни законски обврски (данок, плаќање сметки итн.). Јазот со реалноста е веројатно уште поголем, се наведува во извештајот.

Македонија, како што е нагласено во извештајот, и покрај малото подобрување (даноци), има низок кон умерен степен на јавен дух, изразен низ оправдувањето на неплаќање данок, јавен превоз, комунални услуги и барање олеснувања од Владата на кои граѓаните немаат право. Непартиските политички активности на граѓаните се малубројни и уште се намалуваат, преполовени се и волонтерските активности во заедниците и подготвеноста на луѓето да направат малку повеќе за други лица. (П.Р.)
Извор: Утрински весник (1.јануари.2008)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Утрински весник: МЦМС: Низок јавен дух и големи очекувања од државата