Граѓанското општество во изборните програми - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанското општество во изборните програми PDF Print E-mail
Tuesday, 31 May 2011 13:23

Автор: Даниела Стојанова
Дата: мај 2011 година
ИСБН: 978-608-4617-28-0
PDF:   graganskoto-opstestvo-vo-izbornite-programi.pdf

http://mojotizbor.mk/informacii/politicki-programi/analizi-partii-programi/464-graganskoto-opstestvo-vo-izbornite-programi.htmlМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори во рамките на интегрираната платформа Мојот избор 2011. Активностите вклучуваат испитување на јавното мислење, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2011 г. од аспект на предлози и решенија за граѓанското општество.

Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани.

Во македонската јавност и во стручните кругови не постои взаемно разбирање на концептот (дефиницијата) на граѓанското општество. Во овој извештај е употребена дефиницијата од Цивикус - Индексот на граѓанското општество во Македонија (МЦМС, 2009: Граѓанското општество е дел од општествениот простор надвор од семејството, државата и пазарот, кој е создаден од страна на индивидуални и колективни акции, организации и институции заради постигнување заеднички интереси. Според оваа дефиниција во граѓанското општество се опфатени здруженијата и фондациите, стопанските комори, организациите на работодавачите, синдикатите, политичките партии и верските заедници. Во овој извештај се земени предвид пред сè здруженијата и фондациите, како и стопанските комори, организациите на работодавачите и синдикатите.

Резултатите се прикажани во графикони на ниво на целиот примерок. Покрај графиконите, податоците се прикажани и во бројки.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку графикони и/или табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Граѓанското општество во изборните програми